Skip to main content

Дејвид Хеј сака нокаут со Валуев

Боксерот Дејвид Хеј посакува да го нокаутира Николај Валуев во саботниот натпревар во Нинберг, кој медиумите го окарактеризираа како натпревар на „Давид против Голијат“.

 |  Крсте Голабовски,  | 
Valuev i Hej
Валуев и Хеј
Боксерот Дејвид Хеј посакува да го нокаутира Николај Валуев во саботниот натпревар во Нинберг, кој медиумите го окарактеризираа како натпревар на „Давид против Голијат“.

Valuev i HejДвајцата боксери ќе се борат за титулата светски првак во тешка категорија.

Валуев никогаш не бил поразен во досегашните 51 борба, а и разликата во физиономијата е сосема очигледна. Валуев е висок 2.13 сантиметри, а Хеј само 190 сантиметри. Хеј е тежок 100 килограми а Валуев е тежок 152 килограми.

„Хеј ќе го смачка Валуев. Сакам момци, кои се борат. Хеј верува во себе. Тој е најдоброто нешто во тешката категорија бидејќи, тој доаѓа за да победи. Сигурен сум дека Хеј ќе победи“ изјави неговиот тренер Фреди Роуч.

Последниот шампион во тешка категорија, Ленокс Луис, го советуваше Хеј да ја користи својата брзина против Валуев, како што тоа го направи Руслан Чагаев, единствениот боксер кој до сега го победил Валуев и Ивандер Холифилд.

Дејвид Хеј има 22 победи од 23 професионални борби.

{loadposition content9}