Забележителен успех за теквондистите на Македонската традиционална теквондо федерација и на Меѓународниот теквондо ИТФ натпревар „Дубровник Опен“.
МТТФ ја претставуваа тројца натпреварувачи од клубовите „Сонкал“ – Мислешево Струга, „ ХВА РАНГ ИТФ“ – Лескоец Охрид и „Мастер“ – Охрид, предводени од претседателот Марјанчо Лазаревски и асистент тренерот Божидар Димитиревиќ.
– Давид Крстески беше незапирлив во својата категорија и во форми и во борби со што беше награден за најдобар јуниор 16-17 години, додека Михаил Јоноски и Владимир Димитириевиќ кои натпреваруваа во иста категорија во борби , на патот до златото беа немоќни против судиските одлуки. После само една недела од силниот натпревар во Нови Сад се гордееме што имаме вакви натпреварувачи кои го даваат својот максимум да ја претстават во најдобро светло Македонија. Најголема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал”, Министерството за спорт и Општина Охрид, вели Лазаревски.
На натпреварот учествуваа околу 500 натпреварувачи од осум земји, а нашите теквондисти ги постигнаа следните резултати:
ТК „Сонкал” – Давид Крстески
Пехар за најдобар јуниор 16-17 години
Прво место спаринг –борби младинци У -18 , 16-17години,- 63 кг
Прво место форми младинци У -18 , 16-17години , црн појас 1 дан
ТК „ХВА РАНГ ИТФ”- Михаил Јоноски
Второ место спаринг –борби младинци У -18 , 16-17години,-75 кг
Второ место форми младинци У -18 , 16-17години , 4-3 куп
ТК „Мастер” Охрид – Владимир Димитиревиќ
Трето место спаринг – борби младинци У -18 , 16-17години,-75 кг.