Дефаго ги уништи фаворитите во Вистлер
Швајцарецот Дидие Дефаго го остави своите фаворизирани сонародници во сенка за да се приклучи на листата на изненадувачки олимписки шампиони во спуст. По викендот откажувања поради лошите временски услови, Дејв Милер патеката на Вистлер Планините ги пречека најбрзите луѓе на светот на скии во интересниот спуст во кој првите 10 места беа само во една секунда.
Швајцарецот Дидие Дефаго го остави своите фаворизирани сонародници во сенка за да се приклучи на листата на изненадувачки олимписки шампиони во спуст. По викендот откажувања поради лошите временски услови, Дејв Милер патеката на Вистлер Планините ги пречека најбрзите луѓе на светот на скии во интересниот спуст во кој првите 10 места беа само во една секунда.
Ако пред трката можеше да се очекува Швајцарец на врвот, никој не сметаше дека тоа може да е Дефаго, туку неговите сонародници Дидие Куше и Карло Јанка, но на крајот 32-годишниот Дефаго, човекот со само три победи во кариерата, стана првиот швајцарски шампион во спустот од Пирмин Цурбриген во 1988 година, исто така на канадски снег во Калгари.
“Пресреќен сум. Ова беше лудо возење, и многу тешко бидејќи условите беа различни од тренингот. Сакав да си одам дома со медал по три Олимпијади и многу Светски првенства, мислам дека искуството го направи своето”, изјави тивкиот Дефаго.
Дефаго, ветеранот на Светскиот Куп најави дека од него може да се очекуваат големи работи минатата сезона, кога имаше два импресивни триумфи на најпознатите спустови од сезоната, во Венген и во Кицбил во две недели. Сепак, архитектот по професија сега се приклучува на имињата како Французите Антоан Денериа (Торино 2006) и Жан-Лик Кретие (Нагано 1998) и Американецот Бил Џонсон (Сараево 1984) како шокантни победници на најелитната скијачка трка на светот.
Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал повторно покажа дека е еден од најдобрите ол-раунд скијачи на денешницата, со среброто, неговиот прв олимписки медал, откако заврши само 0.07 зад Дефаго. Бронзата ја освои Боде Милер со дополнителни 0.02 послабо време откако стартуваше како осми, и на некој начин ја потврди неговата желба за олимписка слава по фијаското во Торино пред четири години.
Домаќините не успеаја да направат поголем успех, откако Мануел Озборн-Паради на “својата” падина заврши само како 17, а неговиот сонародник Роби Диксон имаше спектакуларен пад (во кој не се повреди). Најдобропласиран Канаѓанец беше Ерик Гај на петтото место. Ниту Австријците не можат да се пофалат со добар резултат, иако на Марио Шајбер бронзата му избега за само 0.12 секунди.
{loadposition content9}