Skip to main content

Младинско првенство на пиринеите

Дејан Ангелоски на светско во скајранинг

Дејан Ангелоски ќе се натпреварува во категорија до 23 години. На Младинското светско првенство во скајранинг ќе учествуваат 177 спортисти од 26 држави.
 |  инфодеск  | 
Дејан Ангелоски

Викендов на Пиринеите во Андора се одржува Младинско светско првенство во скајранинг.

Македонија на првенството ќе ја претставува охриѓанецот од Шипокно и член на АК „Охрид трчаТ”, Дејан Ангелоски.

Дејан ќе се натпреварува во категорија до 23 години. На првенството ќе учествуваат 177 спортисти од 26 држави, распоредени во три возрасни категории.

Настапот на Дејан е во недела сабајле, му посакуваме среќен пат, многу успех, лесни нозе и секако да ужива во освојувањето на височините на Пиринеите. Напред Дејан, напред Македонија! – велат од АК „Охрид трчаТ“.