Skip to main content

Денес Катар е следен ривал на Македонија

Натпреварот против Катар ќе се игра во терминот од 15:30 часот. Да навиваме за Македонија!
 |  инфодеск  | 

Ракометната репрезентација на Македонија на денешниот претпоследен натпревар ќе се судри со репрезентацијата на Катар во второто коло од главната рунда на Светското првенство.

-Станува збор за ривал кој дефинитивно не е слаба селекција, но Македонија со игри какви што прикажува на овој шампионат дефинитивно ќе може да се бори за позитивен резултат, велат македонските спортски коментатори. Досега против овој ривал одигравме само еден меѓусебен натпревар, на Светското првенство во 2013 година во Шпанија кој го добивме со 30-34.

Натпреварот против Катар ќе се игра во терминот од 15:30 часот. Да навиваме за Македонија!