Денес ќе се одржи хуманитарната трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани“
Денес ќе се оджи хуманитарната трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани” која СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид ја организира во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид.
Денес ќе се оджи хуманитарната трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани” која СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид ја организира во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид.
Трката ќе се одвива на потегот од почетокот на кејот пред „Харбор’’ до „Куба Либре“ со должина од 3 км, а ќе биде во категории ученици, наставници и родители. Средствата ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани.
Настанот ќе започне во 11.00 часот со кратка програма и загревање на учесниците, а кутии за донации ќе бидат поставени во должина на Кејот Македонија.
-Ги покануваме нашите сограѓани уште еднаш да ја покажат својата хуманост на дело, велат организаторите.


