Денес почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах

Денес со почеток во 12 часот, во ООУ Братство Единство Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах која ја организира ШК Ласкер Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид,
На Пионерската лига ќе учествуваат 6 екипи и тоа: ООУ Братство Единство Охрид, ООУ Ванчо Николески Лескоец, ООУ Григор Прличев Охрид, ООУ Св. Климент Охридски Охрид, Св. Наум Охридски Пештани и ООУ Живко Чинго Велгошти. Натпреварите ќе се одржуваат секој петок со почеток во 12:00 во ООУ Братство Единство Охрид, ул 7 Ноември бр 85, од 28 февруари до 28 март 2025г. Пионерската лига ќе се игра екипно, на четири табли, по Бергер систем ( секој со секого), со темпо на игра 15 минути со 10 секунди додаток на секој потег, информираат организаторите.
Пионерската лига Охрид 2025 се организира во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.
