Skip to main content

Денeс се решава иднината на Пандев

Денешниот ден се чини ќе биде денот Д за нашиот репрезентативец Горан Пандев.

 |  Голабовски Крсте  | 
Goran Pandev
Горан Пандев

Денешниот ден се чини ќе биде денот Д за нашиот репрезентативец Горан Пандев.

Goran PandevСе очекува утрово во Милано Арбитражната комисија на Калчо Лигата да го донесе својот суд и со тоа да го ослободи Пандев од прегите на Лотито и Лацио.

Како што е познато поради тоа што Лотито го отргна од првиот состав на Лацио и му забрани да тренира со тимот, Горан Пандев го даде на суд со цел предвреме да го раскини договорот кој го обврзува на верност кон римскиот клуб до крајот на оваа сезона.

На последното сослушување одржано пред два дена на кое требаше да се донесе и одлуката, Клаудио Лотито најде рачка во невремето па „закасна“ на состанокот и со тоа го одложи последниот збор на судијата.

Како што наговестува италијанскиот Кореире Дело Спорт денеска сепак Лотито нема да може да ја спречи судската одлука за која се верува дека ќе биде во полза на нашиот репрезентативец и дека конечно тој ќе стане слободен играч.

Најзагреан според Кореире Дело Спорт за исходот од спорот на Пандев и Лацио е миланскиот Интер а исто така како заинтересирани за услугите на Пандев се посочуваат и Милан и Јувентус.

Да се надеваме дека Пандев денеска конечно ќе дојде до својата слобода, слобода што ќе му овозможи повторно да игра фудбал на највисоко ниво, исто како што тоа го правеше во дресот на Лацио.

{loadposition content9}