Денес за првачињата ќе се одржи Охрид трчаТ ДЕТСКА ТРКА 2025
По повод Светскиот ден на физичката активност, АК Охрид трчаТ традиционално организира детска трка за првачињата. Сите првачиња на територија на Општина Охрид и Општина Дебрца ќе имаат можност да бидат дел од Охрид трчаТ Детска трка 2025.
–Утре, стадионот „Билјанини Извори“ ќе блесне од енергија, насмевки и детска радост! За најмладите, трчањето е авантура полна со насмевки и забавни моменти! Да ги мотивираме децата да спортуваат, да се дружат, да развијат физички вештини, да бидат тимски играчи и да играат фер, велат организаторите.
Учеството на трката е бесплатно и за сите учесници АК Охрид трчаТ обезбедува маица, медал (финишер), вода и подароци од партнерите на детската трка.
Трката ќе се одржи на градскиот стадион “Билјанини Извори” со почеток во 10:00 часот.


