Skip to main content

„Патот на Кобра до ѕвездите“

Денеска премиера на документарецот за Панчев

Во филмот „Патот на Кобра до ѕвездите“ кој трае час и 18 минути се говори за фудбалскиот пат на еден од најдобрите фудбалери и центарфори во поранешна Југославија.
Панчев

„Патот на Кобра до ѕвездите“ е името на документарниот филм посветен на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев кој премиерно ќе биде прикажан вечерва во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

Документарецот е во копродукција на Спортското радио 90.3 ФМ, телевизијата Спорт клуб и продукцијата „Спорт нетворк“, а е реализиран под покровителство на Универзитет Скопје.

Во филмот кој трае час и 18 минутиво се говори за фудбалскиот пат на еден од најдобрите фудбалери и центарфори во поранешна Југославија кој ја покори Европа, а потоа и светот со белградските „црвено-бели“.

“Овој документарец секако дека е круна на се што се случи во мојата кариера. Исто така се работи и на моја автобиографска книга. Драго ми е што луѓето се сетија да ја искористат целата моја богата кариера и да направат еден интересен филм“,- истакна Панчев на прес конференција.

Во филмот се појавуваат 45 личности од светот на спортот, културата, животот, кои на секој начин учествувале во животот на Дарко Панчев, или тој влијаел на нивниот живот. Целиот проект се снимал 60 дена, се собрало вкупно 200 часа материјал. Овој документарец ќе биде вовед за серијалот на Дарко Панчев кој ексклузивно ќе се емитува на Спорт Клуб во септември.