Со пресметка помеѓу домаќинот Струга и повеќекратниот освојувач на пехарот Вардар денеска започнува 51-виот по ред Меѓународен турнир во ракомет во Струга. Големиот спортски спектакл од 16 до 19 август ќе се одржи на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.
На првиот ден ќе се сретнат и екипите на Алкалоид и Динамо Панчево. Утре ќе се одиграат дуелите меѓу АЕК Атина од Грција и Динамо Панчево од Србија, како и Ескилстуна Гуиф од Шведска и Струга. Вo петок се натпреварите меѓу екипите на Вардар и Гуиф и екипите на Алкалоид и АЕК Атина.
Сите кои не се во можност да присуствуваат на трибините во Струга, натпреварите ќе може да ги следат во живо на јавниот сервис МТВ како и на YouTube каналот на организаторите.
Генерален покровител на турнирот е Агенцијата за млади и спорт.