Skip to main content

Директорот на Кардиологија на врвот на светот

Познатиот македонски кардиолог Сашко Кедев вчера се искачи на Монт Еверест висок 8.848 метри и е третиот Македонец што го освои највисокиот врв во светот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sasko Kedev
Сашко Кедев
Познатиот македонски кардиолог Сашко Кедев вчера се искачи на Монт Еверест висок 8.848 метри и е третиот Македонец што го освои највисокиот врв во светот.

Кедев се искачил на врвот преку тешката јужна страна изутрина околу 8 часот по локално време, како член од поголема американска планинарска експедиција, која ја сочинувале околу сто луѓе.

Mont EverestШерпасот Пасанг Тензинг пристигнал на врвот во 7.30 часот, во 8 часот пристигнал шерпасот Анг Дорџи. кој го освоил врвот 13 пат, а заедно со нив бил и Сашко Кедев од Македонија – пишува во веста што сведочи за несекојдневниот успех на актуелниот директор на Клиниката за кардиологија во Скопје.

Малку подоцна на врвот пристигнале Нил Јохансон од Австралија и Хамиш Фултон од Велика Британија. Сите тие добро го поднесле искачувањето и, според информациите, се враќале кон еден од логорите. Вчера околу 16 часот Кедев веќе се спуштил во четвртиот базен-логор на висина од околу 8.000 метри, а од тоа колку е изморен ќе зависи дали ќе продолжи да се враќа или ќе преноќи таму. Овој базен-логор е само 250 метри пониско од височината на која му се загубила трагата на Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец што во 1989 година се искачил на Монт Еверест. Телото на Илиевски, кој исто така го освоил врвот преку јужната страна, се’ уште е на падините на суровата планина. По него, чувството дека се искачил на „покривот на светот“ го доживеал само уште лекарот Глигор Делев, Македонец од Канада, кој во 2007 година се искачил преку северната страна на планината. Успехот на Кедев не е случаен бидејќи тој последниве четири години откако интензивно планинари досега освоил повеќе планински врвови меѓу кои Мон Блан, (4.810) и Аконкагва (6.962).Познатиот македонски планинар Јован Поповски, кој беше водач на македонската хималајска експедиција кога Димитар Илиевски го освои врвот, вели дека Кедев направил исклучителен потфат. Јужната страна е таа по која Монт Еверест беше и првпат освоен. Тоа е тешка патека, на која има големи искушенија опасни за живот – вели тој.

 

{loadposition content9}