Skip to main content

Добра година за охридското теквондо

Зад Taekwondo клубот „Hwarang FIST“ од Охрид е  уште една успешна година, во која спортистите од овој клуб уште еднаш докажаа дека трудот кој го вложуваат во салата и надвор од неа се исплатува и дека резултатите се се` поголеми од година во година.

 |  Голабовски Крсте  | 
fist

fistЗад Taekwondo клубот „Hwarang FIST“ од Охрид е  уште една успешна година, во која спортистите од овој клуб уште еднаш докажаа дека трудот кој го вложуваат во салата и надвор од неа се исплатува и дека резултатите се се` поголеми од година во година.

Членовите на клубот учествуваа и на 19-то светското Теквондо првенство за сениори, кое се одржа во Пловдив, Бугарија, а каде Македонија имаше своја репрезентација чиј дел беа и двајва членови на клубот од Охрид, Климент Грозданоски и Борче Јованоски, двајцата со црни појас 1 дан.

Најдобрите спортисти на „Hwarang FIST“ беа дел и од турнирите во Лозница, Србија и Тирана, Албанија.

– Генерално имавме и повеќе од успешна натпреварувачка година. Напоменуваме дека работиме само со сопствени средства, чланарини и лични средства од родителите. Меѓутоа, ова не е тоа кон што се стреми нашиот клуб. Главна цел, покрај создавањето на успешни натпреварувачи е создавањето на здрава, чесна, почитувана и принципиелна младина, која утре ќе придонесе за подобра иднина. Делењето на спортовите на мали и големи е најголемата грешка која може да ја направи само некој кој во животот спорт гледал само преку ТВ или читал за тоа во весник. Самото излегување на натпреварувачот на теренот за борба, пред противникот е херојско дело, кое мал број го доживеале или ќе го доживеат, притоа носејќи го товарот на одговорност на тие што ги претставува, себеси, клубот, градот, државата, а сите знаеме дека нема мали и големи херои, туку само херои. Сосема за крај, ќе напоменам дека се гордеам со сите мои ученици од 1993 до денес, затоа што знам дека сите тие се интегрирани во општеството како правилно оформени личности, што се темели врз основните принципи на теквондото – чесност, интегритет, самоконтрола и нескршлив дух, напомена Јосифоски.

Најдобри членови на Теквондо клубот „Hwarang FIST“ за 2015 година:

– најдобар пионер – Дамјан Карадакоски
– најдобар кадет – Василија Јовчески
– најдобр кадетка – Тамара Велјаноска
– најдобра јуниорка – Елена Симоноска
– најдобар јуниор – Филип Јосифоски
– најдобар натпреварувач – Јосифоски Филип