Skip to main content

Цирар и Бојаниќ

Дружба со ракометарите на ГРК Охрид, утре на градскиот плоштад

Најдобриот стрелец сезонава Гал Цирар и најдобриот спортист од странство кој игра за ГРК Охрид Владимир Бојаниќ, утре на плоштад.
 |  инфодеск  | 
Грк Охрид на плоштад

ГРК Охрид претстојниот викенд го игра еден од клучните натпревари сезонава за пласман во топ 4 во Супер лигата, против Пролет Тинекс.

Пред мечот, во петок, 5 мај, на градскиот плоштад од 12 до 14 часот, ГРК Охрид организира дружба со ракометарите на ГРК Охрид, најдобриот стрелец сезонава Гал Цирар и најдобриот спортист од странство кој игра за Охрид Владимир Бојаниќ.

На настанот ќе можат да се купат карти за мечот Охрид – Пролет, кој се игра во недела во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.

„Неопходна е поддршка за остварување на целта – победа! Затоа во недела, сите во сала!“ – велат од ГРК Охрид