Реал Мадрид и Барселона денес ќе го одиграат 183-то Ел Класико во Примера, а Луис Суарез се враќа на теренот по повеќемесечна казна. Реал досега славел во 77 меѓусебни средби, Барселона во 66, а 32 натпревари завршиле нерешено. И денес ќе бидеме сведоци на уште еден легендарен спектакл.
Ел Класико ќе го одбележат и неколку играчи кои за прв пат ќе играат во ваков натпревар. Трите ѕвезди на Реал, Крос, Родригез, и Чачарито од една страна и Суарез, Ракитиќ, Матие и Браво од друга. Посебно внимание привлекува уругвајскиот напаѓач на кого му истече казната на Уефа поради гризењето на Кјелини на Светското првенство.
Минаа четири месеци од казната на Суарез, но по трансферот сеуште не одиграл ниту еден официјален натпревар за каталонскиот состав. Луис Енрике, кој исто така дебитира на Ел Класико како тренер, изјави дека Суарез сигурно ќе игра, само сеуште не знае дали тоа ќе биде од првата минута или ќе влезе во продолжението.
Посебна приказна на овој Ел Класико би можел да биде Лионел Меси. Веќе најдобриот стрелец во историјата на овие дерби натпревари и сопственик на многу рекорди, би можел на Бернабеу да влезе во историјата како најдобар стрелец во историјата на Примера. Имено, овој Аргентинец заостанува само еден гол зад легендарниот Зара, а со евентуални два гола би можел да предизвика прекин на натпреварот на неколку минути.
Во случај Меси да постигне два гола вечерва, би можеле да сме сведоци на слична ситуација од 2005 година кога целиот Бернабеу му аплаудираше на големиот Роналдињо и шоуто со кое влезе во историјата како една од најголемите индивидуални партитури на сите времиња.
{loadposition content9}