Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, член на Македонската традиционална таеквондо федерација, викендов учествуваше на меѓународниот натпревар „Дубровник Опен 2025“ во Хрватска. На турнирот настапија над 700 натпреварувачи од 9 европски земји – Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Полска, Австрија и Македонија.

Боите на охридскиот клуб, под водство на Христијана Парулеска, ги бранеа пет млади натпреварувачки кои се натпреваруваа во дисциплината форми. И покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех, освојувајќи два златни и два бронзени медали.



Златни медали:
- Теодора Тодороска – јуниорки 16–17 години, зелен појас.
- Христина Шибакоска – јуниорки 16–17 години, жолт појас.
Бронзени медали:
- Анастасија Чулческа – јуниорки 16–17 години, плав појас.
- Миа Танеска – кадетки 12–13 години, црвен појас.


Адријана Китаноска, која настапи во категоријата девојчиња 10-11 години, жолт појас, беше сопрена во вториот круг и овојпат остана без медал.
Претставничките, посочува Лазаревски, предводени од Христијана Парулеска, која има испишано историја во македонскиот спорт, достоинствено го претставија клубот и докажаа дека можат рамноправно да се носат со врсничките од регионот.
– Овие резултати покажуваат дека нашите млади таленти одат по стапките на Христијана Парулеска и дека можеме да очекуваме уште поголеми успеси на идни европски и светски првенства, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на Македонската традиционална Таеквон-до федерација. Претставничките, предводени од Христијана Парулеска, која има испишано историја во македонскиот спорт, достоинствено го претставија клубот и докажаа дека можат рамноправно да се носат со врсничките од регионот.
Воедно, изразува голема благодарност до генералниот спонзор ПН Метал, Општина Охрид и Министерството за спорт за континуираната поддршка на нивниот спорт.
