Skip to main content

Дваесет години од македонското освојување на Еверест

Алпинистички прослави ќе се одржат денеска по повод дваесет години од искачувањето на Монт Еверест на македонскиот алпинист Димитар Илиевски – Мурато.

 |  Крсте Голабовски  | 
Dimitar Ilievski
Димитар Илиевски
Алпинистички прослави ќе се одржат денеска по повод дваесет години од искачувањето на Монт Еверест на македонскиот алпинист Димитар Илиевски – Мурато.

Dimitar IlievskiЦентралната манифестација ќе се одржи на Пелистер, со планинарски марш и положување цвеќе пред споменикот на Димитар Илиевски – Мурато.

Се очекува да земат учество неколку стотици планинари од Македонија и странство.

Алпинистичка прослава по повод две децении од македонското освојување на највисокиот врв на светот Монт Еверест денеска ќе се одржи на Матка во кругот на Манастирот Св. Никола (Шишевски Манастир).

Организатор на прославата е Македонската алпинистичка асоцијација, АК ‘‘Матка.

Активностите за време на прославата, како што е соопштено, нема да се одвиваат според официјална програма, бидејки таа е замислена како неформално дружење помеѓу алпинистите од сите генерации.

Во текот на викендот на Матка ќе се одржи и семинар во рамките на алпинистичкото училиште на МАА.

 

{loadposition content9}