Skip to main content

Едно коло пред крајот на квалификациите за ЕУРО 2016 можни се уште изненадувања

Првите натпревари од последното коло се играат денес

 |  инфодеск  | 

Пред последните 90 минути од квалификациите за ЕУРО 2016 познати се 12 од 24 репрезентации кои ќе настапат на Европското првенство следната година.

Покрај Франција како домаќин, директен пласман досега обезбедија Англија, Чешка, Исланд, Австрија, Северна Ирска, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Белгија и Велс.

Во групата А ќе се случи најверојатно сензација бидејќи ќе испадне Холандија. Исланѓаните и Чесите се квалификуваа уште пред еден месец, а во додатните квалификации ќе оди Турција, доколку во последното коло на домашен терен не изгуби од Исланд.

Саботниот расплет во групата Б резултираше со пласман на Белгија и Велс, додека за третото место во игра се БиХ, Израел и Кипар. Има многу комбинации, а најмногу одлучува последниот меѓусебен дуел во Кипар каде гостува БиХ.

Во групата Ц очекувано Шпанија е на врвот, а оваа група е интересна бидејќи од неа може да произлезе најдобрата третопласирана репрезентација која директно се пласира на ЕУРО. Ако Украинците ја победат Шпанија, независно од другите резултати, ќе се пласира како најдобра третопласирана. Словачка ги држи конците во свои раце и за директен пласман за второто место во групата мора да победи во Луксембург.

Мини изненадување во групата Д лежи во фактот дека за сигурн палсман сеуште не е безбедна ниту Германија.  Во случај на реми меѓу Полска и Ирска и пораз на Германија во Грузија, би се направил круг од три репрезентации со по 19 бодови во кој најлошо ќе поминат Германците, но ова сценарио тешко е за очекување.

Од групата Е сигурен пласман обезбедија Англија и Швајцарија, додека Словенија ќе биде трета бидејќи има три бода повеќе од Естонија и гостување кај Сан Марино, а Естонците ги дочекуваат Швајцарците.

Дека Северна Ирска ќе обезбеди пласман веројатно никој не ни замислуваше на почетокот на квалификациите, но тоа се случи во четвртокот во Белфаст а прославата траела долго во ноќта. Романија ќе им се приклучи ако денес победат на Фарски Острови, а Унгарија ја чека својата шанса ако Романците киксираат со Фарски Острови или како трета најдобра да добијат шанса ако Украина во својата група не ја победи Шпанија.

Во групата Г Австрија ќе и се придружи на Русија ако во последното коло дома освои барем еден бод со Црна Гора, а во плеј-оф ќе одат Швеѓаните..

Во групата Х Норвешка ќе се пласира директно ако победи во Италија, кои вчера во Азејберџан обезбедија директен пласман. Ако Норвежаните ремизираат или изгубат тогаш се отвора шанса за Хрватска со победа на Малта директно да се пласираат на Европското првенство.

И во групата И е се јасно освен една работа – дали втора ќе биде Данска или Албанија? Ако Албанија во последното коло победи во Ерменија ќе ги премине Данците на табелата и ќе ги истурка во додатни квалификации.