Екипата на ПС за безбедност во патниот сообраќај, најдобра во фудбал
Екипата на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид е севкупен победник на турнирот во мал фудбал организиран од СВР Охрид по повод 7 мај денот на македонската полиција.
Екипата на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид е севкупен победник на турнирот во мал фудбал организиран од СВР Охрид по повод 7 мај денот на македонската полиција.
Тие, во вчерашниот финален натпревар со фудбалската екипа од полициската станица од општа надлежност Охрид, на пенали извојуваа победа со резултат 3:2. Победничката екипа доби пехар за освоено прво место на турнирот во мал фудбал како и признанија за учество и постигната победа.
Оваа спортска манифестација беше дел од повеќето планирани активности со кои СВР Охрид го одбележа 7 мај денот на полицијата.
Фудбалскиот турнир се одигра во спортско рекреативниот центар „Биљјанини извори“ a учество зедоа вкупно шест фудбалски екипи од разни служби во СВР Охрид.
{loadposition content9}