Skip to main content

Македонската традиционална Таеквон-до федерација

Елена Јанеска на „Моравиа Опен 2023“ ги победи и противничките и судиите

Репрезентативката во традиционално таеквондо се закити со злато и сребро на престижниот меѓународен натпревар во Острава, Чешка.
 |  инфодеск  | 

Македонската традиционална Таеквон-до федерација, со пет натпреварувачи, јуниори 16-17 години, кои се натпреваруваа во дисциплините спаринг (борби) и форми (борба со замислен противник), изминатиов викенд учествуваше на еден од најпрестижните А класа натпревари „Моравиа Опен 2023“ во Острава, Чешка.

Учествуваа повеќе од 500 натпреварувачи од 13 европски земји- Република Македонија, Србија, БиХ, Грција, Хрватска, Словенија, Естонија, Украина, Латвиа, Холандија, Словачка, Полска и Чешка.

„Нашите натпреварувачи освоија 4 медали од кои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени. Најголемиот успех го постигна нашата репрезентативка Елена Јанеска, која овај пат ги победи убедливо и судиите, освојувајќи го првото место во спаринг (борби) + 64 кг. јуниорки 16-17 години, победувајќи ги до тронот претставничките на Холандија, Чешка, Естонија, Чешка. Во форми (борба со замислен противник) за црн појас први дан јуниорки 16-17 години, таа се закити со сребрен медал, победувајќи ги претставничките на Полска, Хрватска и Латвиа. Во финале заслужено изгуби од домашната натпреварувачка.

Елена Јанеска само пред една седмица го постигна истиот успех на Меѓународниот Таеквон-до ИТФ А класа натпревар „Србија Опен 2023“ во Нови Сад, Србија, освојувајќи златен медал во спаринг (борби) + 64 кг. јуниорки 16-17 години и сребрен медал во форми (борба со замислен противник) за црн појас први дан јуниорки 16-17 години.

Елена која е една од нашите најдобри натпреварувачки, Европска вицешампионка Пореч 2022, оваа година и на Европското првенство во Јесоло, Италија и на Светското првенство во Астана, Казахстан во 1/4 финалните борби за медал, беше оштетена од страна судиите, и затоа на овај натпревар учествуваше не само да ги победи противничките туку со цел да ги победи и судиите, што и успеа, а со тоа докажа дека е подготвена за врвни достигнувања.“ – информира Марјанчо Лазаревски, Претседател на Македонската традиционална Таеквон-до федерација.

Христијана Парулеска на „Моравиа Опен 2023“ учествуваше во улога на тренер поради нејзиното искуство, која поради повреда од Светското првенство сѐ уште мора да се опоравува.