Skip to main content

ЕП во фудбал во Полска и Украина

Претседателот на УЕФА Мишел Платини во неговиот неколкудневен престој во Украина уште еднаш потврди дека Европскиот фудбалски шампионат сигурно ќе се одржи во Украина и Полска.

 |  Крсте Голабовски  | 
Mishel Platini
Мишел Платини
Претседателот на УЕФА Мишел Платини во неговиот неколкудневен престој во Украина уште еднаш потврди дека Европскиот фудбалски шампионат сигурно ќе се одржи во Украина и Полска.

Првиот човек на УЕФА рече дека следниот месец ќе се одлучува во колку украински, а во колку полски градови ќе се играат мечовите.

Michel Platini„На 12-ти или 13-ти мај во Букурешт ќе прецизираме кои градови ќе бидат организатори на ЕУРО 2012. Дали ќе биде 4-4, 3-3, 4-2 или 5-1, за тоа ќе се одлучи на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА.“

Главниот проблем за изградбата на стадионот во Киев беше уривањето на еден трговски центар кој го спречува почетокот на изградбата околу шест месеци. Во градот Л’вов главниот проблем за изградба на новиот стадион беше немањето добар дизајнер.

{loadposition content9}