ЕПО хормонот повторно во велосипедизмот
Прв спортист откриен дека користи ЦЕРА беше италијанскиот велосипедист Рикардо Рико.
Еден од најстарите начини на зголемување на капацитетот на пренесувањето на кислородот и престој на висини каде воздухот е поредок и има помалку кислород. Поради тоа телото се прилагодува на новонастанатите услови и создава повеќе крвни зрнца кои се одговорни за пренесувањето на кислородот во ткивата. Но, со враќањето во пониските предели работите се враќаат во нормала. Поради тоа некои спортисти за време на висинските подготовки вадат одредена количина крв и ја замрзнуваат, а потоа пред натпреварите ја враќаат во својот крвоток. На тој начин се зголемува бројот на еритроцитите во однос на вкупниот волумен на крвта (хематокрит). ЕПО се разликува од трансфузијата на крвта, затоа што со трансфузијата се добиваат стари крвни зрнца кои се збогатени со кислород на висинските подготовки.
Ваквиот начин за зголемување на хематокритот можат да имаат многу опасни последици за спортистите поради што Меѓународниот олимписки одбор ја забрани употребата на овој препарат. Зголемувањето на концентрацијата на црвените крвни зрнца во крвта доведува до нејзино згрутчување. Од 1997 година до 2000 починаа 18 велосипедисти од мозочен удар, инфаркт и белодробна емболија, и сите овие случаи се врзуваат за употребата на ЕПО.