Skip to main content

Европско првенство за млади кошаркари во Скопје

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе го отвори  Европското првенство Б дивизија за млади кошаркари до 20 години.

 |  Крсте Голабовски  | 
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе го отвори  Европското првенство Б дивизија за млади кошаркари до 20 години.

reprezentacijaНа гостите ќе им се обратат и генералниот секретар на ФИБА Европа Нар Занолин, директорот на Агенцијата за млади и спорт Драган Ѓурчевски и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Македонија премиерниот настап ќе го има веднаш по свеченото отворање, од 21 часот, против селекцијата на Австрија.
Во наредните десет дена, сите натпревари ќе се играат во Скопје во двете сали на спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи со по исто толку селекции, а двете првопласирани ќе играат во четвртфиналето.
Македонија е во групата-Д заедно со Австрија, Унгарија и Бугарија.
А-групата ја сочинуваат Португалија, Грузија, Шведска и Луксембург.
Во Б-групата ќе играат Финска, Полска, Норвешка и Велика Британија.
Селекции кои ќе играат во Ц-групата се Чешка, Романија, Холандија и Швајцарија.

{loadposition content9}