Skip to main content

Европското Првенство во ракомет за жени

Денеска во просториите на спортската сала Биљанини Извори се одржа прес конференција во врска со Европското Првенство во ракомет за жени кое во декември се игра во Охрид и Скопје.

 |  Златко Китаноски  | 
sportska sala
спортска сала
Денеска во просториите на спортската сала Биљанини Извори се одржа прес конференција во врска со Европското Првенство во ракомет за жени кое во декември се игра во Охрид и Скопје.

На прес конференцијата збор зедоа градоначалникот на Охрид г.Александар Петрески, директорот на ЈПБИ Иван Цветкоски и поранешниот ракометен репрезентативец на Македонија Горан Андоноски.Тие зборуваа за настаните што ќе се случуваат овој месец како увертира за Европското Првенство но и подобро запознавање на граѓаните со истото.

ЈПБИ заедо со локалната самоуправа за време на ЕП ќе доделува 10 влезници за секој меч но само за граѓаните кои ќе учествуваат во наградната игра која допрва треба да почне.Кон крајот на месец ноември се планира организирање на ракометен турнир на кој учество ќе земат екипите на Климент Охридски и Струга Илинден како и два други тима со кои ЈП сеуште преговара.

Aleksandar Nikoloski Ivan CvetkoskiГрадоначалникот на Охрид смета дека ова првенство ќе донесе прилив од неколку милиони евра за градот, бидејќи за време на одржувањето на ЕП се очекува голема посетеност од странски туристи, посебно од скандинавските земји.

Со вакви доброорганизирани настани градот Охрид се става на Светската карта како туристичко место кое мора да се посети – сметаат од локалната самоуправа.

Горан Андоноски вели дека добивањето на организацијата за ЕП е голема чест бидејќи критериумите на ЕХФ за организирање на вакви настани се многу големи. Исто така тој ги поздравува напорите кои локалната самоуправа ги вложила за да ги исполни барањата на Европската Ракометна Федерација и се надева дека ЕП ќе мине во најдобар ред и без никакви инциденти.

 

{loadposition content9}