Ежени Бушар, овогодишното изненадување на „Australian open“
Српската тенисерка Ана Ивановиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, откако загуби од Канаѓанката Ежени Бушар со 7:5, 5:7 и 6:2.
Српската тенисерка Ана Ивановиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, откако загуби од Канаѓанката Ежени Бушар со 7:5, 5:7 и 6:2.
„Таа играше добро, особено во третиот сет. Сепак мислам дека емотивно не бев доволно во мечот и не бев доволно агресивна, како на претходните мечеви. Разочарана сум затоа што испаднав на ваков начин, иако не играв најдобро, имав шанси, но правев премногу грешки“, рече Ивановиќ.
За 19-годишната Бушар ова е прво Грен слем полуфинале во кариерата. За пласман во големото финале ќе и се спротистави на Кинеската На Ли, која без проблеми ја порази Флавија Пенета со 6:2 и 6:2.
{loadposition content9}