Фан на Интер доби карта за финалето лично од Мурињо
Фановите на Интер поставија кампови пред Banca Popolare di Milano каде што денеска со почеток во 11 часот ќе започне продажбата на 5000 влезници за финалето од Лигата на Шампионите.
| Маја Савиќ | Спорт
Мурињо
Фановите на Интер поставија кампови пред Banca Popolare di Milano каде што денеска со почеток во 11 часот ќе започне продажбата на 5000 влезници за финалето од Лигата на Шампионите.
Нероаѕурите по пауза од 45 години повторно се пред можност да го освојат трофејот од Лигата на Шампионите па затоа помеѓу фановите на Нероаѕурите владее лудило.
Со цел да покаже колку ги цени фановите на Интер, Жозе Мурињо реши да даде еден билет на среќен фан но под услов 225 евра, онолку колку што вреди билетот, да бидат уплатени во добротворни цели.
“Не можам да им нагодам на сите фанови.” – рече Мурињо за официјалната веб стра на Интер. “Но со овој гест сакам да покажам колку ги ценам фановите.”
“Ова е мојот аплауз за страста на сите фанови на Интер.”
“Но момчето ќе мора да покаже дека ги дал парите за билетот во добротворни цели.”
Среќниот фан е 23 годишниот Паоло Секо од Милано, кој има сезонски билети.
Влезниците кои ќе почнат да се продаваат денес (останати се 5000) се наменети за фановите со сезонски билети и членовите на Клубот Интер.
Фановите кои со денови чекаат пред Banca Popolare di Milano вчера беа посетени од претседателот на Интер, Масимо Морати.
{loadposition content9}