Skip to main content

Конференциска лига УЕФА

ФК Струга ќе игра против Бреидаблик во Струмица за влез во групната фаза од Конференциската лига

Струга Трим Лум обезбеди пласман во плеј-оф за групна фаза во Конференциската лига, откако во двомечот го елиминира Есперанж со вкупен резултат 4:3.
 |  инфодеск  | 
fc struga

Струга Трим Лум избори место во плеј-офот во Лигата на Конференции. Противник на Струга Трим Лум за историски пласман во групната фаза од Конференциската лига е исландски Бреидаблик, што беше веќе познато.

Според ждрепката, Струга ТЛ треба да биде домаќин на првиот меч, на 24-ти август во Струмица на стадионот „Благој Истатов“. Реваншот ќе биде за седум дена (31 август) во Рејкјавик, Исланд. Подобриот од овој двомеч ќе се пласира во групната фаза во Лигата на Конференции.

Струга Трим Лум обезбеди пласман во плеј-оф за групна фаза во Конференциската лига, откако во двомечот го елиминира Есперанж со вкупен резултат 4:3. Стружани на домашен терен победија со 3:1, а синоќа во Луксембург загубија со 2:1.