Фудбалската школа „Фер плеј“ од Охрид стана државен првак на Македонија во детски фудбал за генерација 2015 година.
Во период 01-03.06.2024 на ФФМ тренинг центарот се одигра финалниот турнир од ФФМ Детска Лига за сезона 2023-2024.
Во учество на 96 екипи-регионални победници и повеќе од 1500 фудбалери од 7 до 13 год., беа одиграни 96 натпревари по што беа добиени шампионите во 6 натпреварувачки категории во детската лига.
Охриѓанчињата од Фер Плеј се прваци во категоријата генерација 2015. Тие на завршниот турнир извојуваа победи над Парк сити, Шкендија од Тетово, Тиквеш од Кавадарци и над екипата на Кул во финалниот натпревар.
Индивидуално признание од завршниот турнир понесе Јустин Устијаноски од ФК „Фер Плеј“ кој беше прогласен за најдобар голман.
„Фер Плеј“ е првиот охридски клуб во фудбал и во екипните спортови кој станал првак. Фудбалската школа ја водат тренерите Марјан и Игор Настоски. Тренерскиот тим го сочинуваат уште и Сања Митреска и тренерот на голмани Павел Ристески.