Skip to main content

Започнува „Фер плеј куп“ – најмасовниот детски фудбалски настан на Балканот

Оваа година на турнирот ќе земат учество  близу 120  екипи од 7 држави во 6 возрасни категории или над 2000 учесници.
 |  инфодеск  | 

Од денес до недела 24 август на СРЦ „Билјанини извори“  ќе  се одржува најмасовниот  спортски  настан во Охрид, „Фер плеј купот“ по 14-ти пат.

Оваа година на турнирот ќе земат учество  близу 120  екипи од 7 држави во 6 возрасни категории или над 2000 учесници.

Сите фудбалски натпреварите ќе се играт на терените на СРЦ „Билјанини извори“  а финалните натпревари се закажани за недела (24.08.2025 год).

„Фер плеј“ ги поканува сите љубители на спортот  и фудбалот   да дојдат   да ги  следат  и да уживаат во натпреварите, и секако да ги бодрат екипите од Охрид.