На првиот натпревар од завршницата на ФФМ Детската лига, фудбалерите на Фер Плеј од Охрид од генерација 2012 запишаа триумф од 2:1 над Кожуф со погодоците на Петар Перињо Цветкоски и Матеј Димитријески.
Победата на младите охридски фудбалери е впечатлива, бидејќи нивното другарче воедно и соиграч во екипата, ја скрши ногата на тренинг и беше повеќе од потребен во екипата, но затоа неговите соиграчи победата му ја посветија со парола за побргу оздравување и враќање на фудбалските терени.
Како што веќе објави ТВМ, завршниот турнир во ФФМ Детската лига почна вчера, а ќе заврши утре. Натпревари се играат на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, а учествуваат неколку екипи од Охрид и Струга со голем број на фудбалери од охридско-струшкиот регион.