Skip to main content

Ферари со изненадување во Шапнија

Кими Раиконен претстојниов викенд во Шпанија ќе има полесен, а со самото тоа, се надева, и побрз болид Ф60.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Светскиот шампион од 2007 година му помогна на Ферари да го избегне најлошиот старт на една сезона во историјата на Формула 1, донесувајќи му ги на тимот првите поени годинава со своето шесто место пред две седмици во Бахреин. Но, 28. поени помалку од лидерот Џенсон Батон и дури 47 во однос на водечкиот Браун во шампионатот на конструкторите, го тераат Финецот да признае дека двете титули сезонава брзо му се оддалечија на Ферари.

„Треба да бидеме реални, бидејќи во однос на првенството ситуацијата е тешка“, вели Раиконен. „Ќе сториме се’ за да се вратиме во игра, да го подобруваме болидот од трка во трка, но мораме да почнеме да победуваме, па потоа ќе видиме што ќе се случи.

bolidЕден од чекорите што ги презеде Ферари за да му овозможи што подобри резултати на својот фински возач беше изработката на полесна шасија во однос на таа што ја користи неговиот тимски колега Фелипе Маса.

„Единствената причина за тоа е што поради својата физичка конституција и висината Кими е потежок од Фелипе и токму затоа е повеќе од предизвик болидот да се приспособи на дополнителната тежина што ја носи системот КЕРС“, соопшти тимот на својата страница на интернет. Покрај тоа, Скудерија на патеката „Каталуња“ викендов првпат ќе го употреби новиот аеродинамичен пакет, кој го вклучува и контроверзниот заден дифузер.

„Ова е само прв обид да се дизајнира дел што го немаше во првичниот дизајн, но кој сега е неопходен елемент по новото појаснување на правилата“, стои во соопштението. „Инженерите мораа да редизајнираат поголем дел од електронските и од хидрауличните системи на задната страна од болидот, со цел да ги разместат компонентите за да му најдат место на новиот дифузер. Редизајнирањето е покомплицирана постапка од дизајнирањето, посебно производството и поставувањето на самиот дифузер“.

 

{loadposition content9}