Skip to main content

Фергусон има проблеми со Фудбалскиот сојуз на Англија

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон би можел да биде суспендиран, откако Фудбалскиот сојуз на Англија го обвини за недолично однесување кон фудбалски судија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Alex Ferguson
Алекс Фергусон
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон би можел да биде суспендиран, откако Фудбалскиот сојуз на Англија го обвини за недолично однесување кон фудбалски судија.

Фергусон во лутина му покажа прст на судијата Мајк Дин и плус неколку реченици, после неколку досудени одлуки за време на натпреварот со Хал, на која европскиот првак победи со 4:3.

Alex Ferguson„Тренерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е обвинет за недолично однесување кон судијата Мајк Дин на натепреварот против Хал на 1. ноември“ се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Англија.

Тренерот на Манчестер беше лут бидејќи судијата досуди пенал за хал, после дуелот на Рио Фердинанд со играчот на Хал, Бернард Менди, а не покажал жолт картон на Мајкл Тарнер после фаулот на фудбалерот на Јунајтед, Мајкл Керик.

 

{loadposition content9}