Skip to main content

Фетел прв во Бахреин

Формула 1 шампионот Себастијан Фетел се врати на врвот во генерален пласман остварувајќи ја првата победа за Ред Бул во оваа сезона на интересната трка во Бахреин.

 |  Голабовски Крсте  | 
Sebastijan Fetel
Себастијан Фетел

Формула 1 шампионот Себастијан Фетел се врати на врвот во генерален пласман остварувајќи ја првата победа за Ред Бул во оваа сезона на интересната трка во Бахреин.

Sebastijan FetelСо 22. победа на 24-годишниот Германец, и прва во кралството во Персискиот Залив, формула 1 сега има четири победници во првите четири не-европски трки.

Тој добро се испоти во последните кругови во борбата со светскиот шампион од 2007, Кими Раиконен, кој заврши втор пред својот колега Роман Грожан, во фантастичен резултат за тимот на Лотус, додека четврти беше Марк Вебер во вториот Ред Бул, и сега има четири четврти места во 2012.
“Беше навистина тешко. Многу тешко!”, изјави Фетел, кој сега е лидер во генерален пласман.
И покрај полупразните трибини, и денови во кои доминираа наслови за напади со молотови коктели и солзавци, трката беше одлична за фановите.
Фетел, кој стартуваше од пол-позицијата првпат во 2012 по рекордни 15 пол-позиции минатата година, повторно го покажа својот славенички прст. Со ниско ниво на гориво тој мораше да сопре веднаш пред боксот, и сега има 53 поени пред Луис Хамилтон со 49, а Ред Бул исто така го преземаа водството во генерален пласман на конструктори од Мекларен.

{loadposition content9}