Во воведот на големата награда за Малезија, Нико Розберг беше најбрз на последниот слободен тренинг, пред Кими Раиконен и Себастијан Фетел.
Претходно на првиот тренинг најдобро време забележа Луис Хамилтон а зад него се пласираа Раиконен и Розберг.
Одличен ден за екипата на Мерцедес ја потполни Луис Хамилтон со пласманот на четвртото место, петти беше Фернандо Алонсо, додека пред Даниел Рикардо од Ред Бул се пласира Фелипе Маса кој оваа година е возач на Вилијамс.
Квалификациите за трката се на програма во сабота во 6.00, додека трката е во недела еден час подоцна.
Пласман на топ 10 на слободниот тренинг:
1. Rozberg (Mercedes) 1:39.909
2. Raikonen (Ferari) 0.035
3. Fetel (Red Bul) 0.061
4. Hamilton (Mercedes) 0.142
5. Alonso (Ferari) 0.194
6. Masa (Vilijams) 0.203
7. Rikardo (Red Bul) 0.367
8. Baton (Meklaren) 0.719
9. Botas (Vilijams) 0.729
10.Hulkenberg (Fors Indija) 0.782
{loadposition content9}