Фетел триумфира во Монца
Возачот на тимот на „Торо Росо“, Себастијан Фетел е победник на вчерашната Ф1 трка во Монца, Италија.
Дваесет и едно годишниот германец, од самиот старт водеше по дождливото време и успеа да стигне до својата прва победа откако вози во формула еден. Со 21 година и 74 дена, тој стана најмладиот победник на Гран При трка во историјата на Формула еден. Второто место му припадна на Хеики Ковалаинен во Мекларен, додека трет беше Роберт Кубица со БМВ. Во генерален пласман Хамилтон води со 78 поени, Маса се наоѓа на второто место со само еден поен помалку, додека трет е Кубица со 66.
Четвртото место му припадна на Алонсо во Рено, а петти беше Ник Хајдфелд, додека шести и седми беа Фелипе Маса и Луис Хамилтон кој стартуваше од 15-та пол позиција.
Себастијан фетел го надмина рекордот на шпанецот Фернандо Алонсо, кој во август 2003 година триумфираше на трката за големата награда на Унгарија, на возраст од 22 години и 26 дена. Германецот идната сезона ќе вози за Ред бул, додека тимот на Торо Росо е девттиот тим од Ф! Кој оваа сезона стигна до подиумот.
Младиот германец во саботата за прв пат во својата кариера осви пол позиција, но се веруваше дека тоа беше само сплет на околности, бидејќи официјалниот тренинг се возеше по многу врнежливи услови. Но, во неделата, Фетел докажа дека дека уште сега е подготвен за најголеми достигнувања, бидејќи од првиот до последниот круг, ја држеше својата позиција сигурно и убедливо.
Лидерот на шампионатот, британецот Луис Хамилтон, стартуваше од петнаесетта пол позиција и со неверојатно возење успеа да стигне дури до второто место, но тогаш мораше непланирано да оди во бокс, за да ги замени гумите за дожд и на крајот мораше да се задоволи со седмото место.
Тоа му беше доволно да на четири трки пред крајот на шампионатот го задржи првото емсто, но сега има само еден поен повеќе пред возачот на Ферари, бразилецот Фелипе маса, кој стартуваше од шестата позиција и на која позиција и ја заврши трката.