Фетел убаедлив во Бахреин
Себастијан Фетел победи на трката за Големата награда на Бахреин.
Актуелниот светски шампион постигна втора победа во четири трки од почетокот на сезоната во Формула 1. Благодарение на неочекуваниот развој на настаните на патеката Сахир, Германецот успеа да ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман.Фетел ја започна трката од втората позиција, зад сонародникот Нико Розберг, но уште во третиот круг на излегување од свиок број 4 се најде на чело на колоната на која остана до крајот. Во своето Гран при со реден број 200, Фернандо Алонсо, се вмеша во битката за лидерската позиција во раните фази на трката и откако го мина Розберг, тргна во трка по Фетел.
Оштетување на DRS системот за погон на задните антикрила, сепак го принудија Шпанецот да влезе за интервенција во боксот, со што му се наруши ритамот. По ова се врати дури на 17-тото место и треба да биде презадоволен со осмата позиција.Кими Раиконен одново примени одлична стратегија со две застанувања во боксот, едно помалку од Фетел и благодарение на одличната способност на болидот на Lotus во однос на абење на гумите, Финецот успеа да се најде на второто место во конечниот пласман. На третата позиција се најде неговиот тимски колега, Ромен Грожан, со што тројцата пилоти направија целосно идентично повторување на подиумот од 2012.
{loadposition content9}