Skip to main content

ффм

ФФМ му одзеде 9 бода на ФК Воска Спорт и го казни клубот со 2500 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар

Поради напуштање на фудбалски натпревар ФК Воска со минус 9 бода во ПМФЛ и парични казни; претседателот на клубот и тренерот добија забрани за извршување на функциите.
 |  инфодеск  | 

Фудбалската Федерација на Македонија извести дека охридскиот клуб ФК Воска Спорт АД е казнет со одземање на 9 (девет) бодови од вкупниот број на освоени бодови во тековната натпреварувачка сезона од Прва МФЛ и парична казна од 2.500,00 евра поради напуштање на натпреварот со ФК Вардар АД во рамки на 28. коло од Прва МФЛ.

Исто така, ФК Воска Спорт АД се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација на натпреварот со ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ.

Претседателот на ФК Воска Спорт АД, Нефи Усеини се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 2 (две) години и парична казна во износ од 1.500,00 евра. Дисциплинската мерка е исречена поради наговарање, односно повикување за повлекување на екипата на ФК Воска Спорт АД на натпреварот против ФК Вардар АД од 28. коло во Прва МФЛ. 

Суспензија доби и тренерот на ФК Воска Спорт АД, Арбри Клодиан, кој е казнет со 2 (две) години забрана за вршење функција, додека капитенот на ФК Воска Спорт АД, Агон Хани доби казна – забрана за настап 1 (еден) месец.