ФИБА повторно ги менува правилата
На состанокот на Извршниот одбор на ФИБА во Барселона, се донесени одлуки кои се однесуваат и на промена на официјалните правила на кошаркарската игра.
На состанокот на Извршниот одбор на ФИБА во Барселона, се донесени одлуки кои се однесуваат и на промена на официјалните правила на кошаркарската игра.
Како што се нагласува, во не баш деталното соопштение на оваа тема, светската куќа на кошарката од 1-ви октомври 2014-та година ќе воведе две новини.
Имено, националните селекции во иднина нема да мора на своите репрезентативци да им доделуваат броеви од 4 до 15, туку ќе можат да употребуваат и други решенија со две цифри.
Најавено е и дека ќе биде зголемена употребата на телевизиското видео, иако без новиот примерок од правилата на кошаркарската игра, не е баш најјасно за што се мисли.
Досегашните правила веледа дека видеото може да се употреби за да се утврди дали во финишот на четвртината е постигнат кош, со шут упатен пред или откако ќе се огласи сирената, како и да се види дали обидот бил за два или за три поени.
Досега со нив по натпреварите се определуваше дисциплинска одговорност, а можно е сега да им бидат дадени поголеми овластувања на судиите, кои што со ова како во НБА лигата ќе можат да решаваат пред мечот да продолжи.
{loadposition content9}