Skip to main content

ФИФА го суспендира Фудбалскиот сојуз на Перу

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска привремено го суспендира Фудбалскиот сојуз на Перу поради инволвирање на Владата на оваа земја во работата на националната фудбалска организација.

 |  Крсте Голабовски  | 
stadion Peru
стадион Перу
Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска привремено го суспендира Фудбалскиот сојуз на Перу поради инволвирање на Владата на оваа земја во работата на националната фудбалска организација.
Со одлуката на ФИФА на сите фудбалски клубови од Перу, но и на репрезентативните селекции, привремено им е забрането учеството на меѓународната сцена.

FIFAТоа, меѓу другото, значи дека клубовите од Перу нема да бидат вклучени во жребката за идниот циклус на Купот Либертадорес, која ќе се изврши денеска, ниту репрезентацијата ќе може да продолжи со квалификации за Светското првенство во фудбал 2010 година.
Ваквото решение на ФИФА следеше седум дена по предупредувањето на претседателот на светската организација Сеп Блатер до Владата на Перу и Фудбалскиот сојуз дека е време да завршат со меѓусебниот судир, кој се случи откако Државниот завод за спорт, поради наводно неправилни избори, не сакал да го призне за легитимен претседателот на националната фудбалска организација Мануел Бурга.

Конечната одлука, бидејќи денешната е привремена, ФИФА ќе ја донесе на 20 декември годинава.

 

 

{loadposition content9}