Skip to main content

Филип Кузмановски е петти најдобар стрелец на Светското првенство

Филип Кузмановски со 49 голови од 71 обид или 69% ефикасност (13/19 седмерци) во шест одиграни натпревари е петти најдобар стрелец на Светското првенство во ракомет.
 |  инфодеск  | 

29-то Светско првенство и официјално заврши, а Данска заслужено го доби 4тиот златниот медал , каде во финалето ја совлада Хрватска со 26-32. Македонската репрезентација заврши на 15-место, каде за малку не се пласираа пласман во 1/4 финалето. Ракометарите покажаа дека играат храбро и борбено, и дека се подготвени за нови и повисоки достигнувања.

Матијас Гидсел, данскиот репрезентативец беше прогласен за најкорисен играч на СП, а воедно е и најдобар стрелец на турнирот со 74 голови од девет одиграни натпревари (74/107). На второто место  на листата на најјдобри стрелци на Светското првенство е Франсиско Кошта со 54 голови, колку што има и Французинот Дика Мем на третата позиција.

На четвртото место е Симон Богетофт Питлик од Данска со 50 реализирани погодоци. Петтопласиран е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски со 49 голови од 71 обид или 69% ефикасност (13/19 седмерци) во шест одиграни натпревари.

 Инаку, рекордот на најмногу постигнати голови го држи Кирил Лазаров, кој во 2009 година броеше до 92.