Финале на Лигата на шампиони
Завесата на најпрестижното европско клупско натпреварување – Лигата на шампиони (ЛШ), ќе биде спуштена вечерва во Рим, со финалниот дуел меѓу Манчестер јунајтед и Барселона.
Роналдо и Меси

Манчестер јунајтед ќе се обиде да ја одбрани титулата европски првак со најсилниот тим, предводен од Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Карлос Тавес во нападот.
И Барселона, која оваа сезона игра во одлична форма, ќе настапи со најсилниот напад, во кој за финалната пресметка се враќаат Тиери Анри и Андрес Иниеста.
Властите во „вечниот град“ соопштија дека се е подготвено за големото финале, особено на планот на безбедноста.
Причина за стравувањата од можни пресметки меѓу навивачките групи се настаните од 2007 година, кога при гостувањето на Манчестер јунајтед во Рим беа повредени 13 навивачи.
Со цел да бидат избегнати и најмали инциденти, финалето ќе го обезбедуваат дури 20,000 полицајци, а од вторникот во Рим е воведена и забрана за продажба на алкохол.
Барселона и Манчестер јунајтед за финалниот дуел добија по 20,000 влезници, но во Рим се очекува да пристигнат најмалку двојно повеќе од Шпанија и Англија.
Се очекува секој навивач, кој ќе пристигне во Рим, во просек да потроши 705 евра.
За финалниот натпревар на стадионот „Олимпико“ со капацитет од 72,389 места, во продажба беа пуштени вкупно 67,000 влезници по цена од 70 до 200 евра.

{loadposition content9}