Големо финале на Ohrid FREED 2025: Вечерва спортски спектакл во „Билјанини извори“
Во спортската сала „Билјанини Извори“ вечерва ќе се одиграат завршните натпревари од турнирот во футсал Ohrid FREED 2025, со кои ќе биде ставена точка на уште едно успешно издание исполнето со извонредни натпревари, фер-плеј и одлична спортска атмосфера.
Публиката и љубителите на футсалот ќе имаат можност да уживаат во две возбудливи средби, кои ветуваат голема борба, многу емоции и неизвесност до последниот свиреж на судијата.
Програма на финалната вечер:
- Натпревар за трето место: Гостилница кај Мече vs ЈП Охридски Комуналец – 21:00 часот
- ГОЛЕМО ФИНАЛЕ: АСП ПАК vs ГРАНИТ X – 22:00 часот

Финалната вечер традиционално се одржува во чест на Денот на ослободување на Охрид – 7 ноември, со цел преку спорт, дружење и позитивна енергија да се одбележи овој значаен празник за градот.
Организаторите најавуваат одлична атмосфера и вистински спортски спектакл, достоен за големото финале на турнирот Ohrid FREED 2025.
Влезот за сите посетители е слободен, а љубителите на спортот се поканети да го прослават празникот заедно – со спорт, страст и фер-плеј дух!
–Да го поддржиме спортот и да го славиме Охрид!, порачуваат организаторите.
Фото: OHRID FREED 2024