Бриаторе се повлекува во 2010 година
Првиот човек на екипата на Рено, Флавио Бриаторе изјави дека планира да го напушти најбрзиот циркус на планетава за две години.
Флавио Бриаторе
Првиот човек на екипата на Рено, Флавио Бриаторе изјави дека планира да го напушти најбрзиот циркус на планетава за две години.
Веста за повелкувањето на Бриаторе него изненади никого со оглед дека последниве години имаше здравствени проблеми, а и ја најавуваше оваа одлука. На прашањето дали би работел за Ферари, Бријаторе изјави:
„Сакам да го победувам Ферари, но доколку мојот тим нема да победи, бидејќи сум италијан сакам тоа да го направи Ферари. Но мислам дека нема да работам за Ферари, бидејќи за две години се повелкувам а дотогаш имам многу работа во Рено.“
Бријаторе исто така го подржа планот на Ф1 за намалување на трошоците поради светската финансиска криза.
„Новите правила ќе ја направат Ф1 многу поинтересна и се согласувам дека конструкторите во намера да ја избенат кризата, мора да дадат добар пример со давање на нови идеи“, изјави Бриаторе.
Италијанецот во Формула еден е од 1991 година. Беше шеф на тимот на бенетон, а подоцна кога рено ја купи таа екипа, остана на функција. Најголем успех постигна во бенетон кога Михаел Шумахер возеше за таа екипа и освои две последователни титули во 1994, 1995 година како и со Рено во 2005 и 2006 година, благодарение на Фeрнандо Алонсо.

{loadposition content9}