Skip to main content

Фолксваген и Де Вилиер – победници на Дакар

Tим на Fолксваген, за прв пат во неговата 31-годишна историја, ја освои шампионската титула на релито “Дакар“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ginel De Villier
Џинел Де Вилиер
Tим на Fолксваген, за прв пат во неговата 31-годишна историја, ја освои шампионската титула на релито “Дакар“.

Германскиот тим постигна двојна победа, бидејќи вториот возач Марк Милер, застана на второто место, со девет минути задоцнување зад новиот автомобилски шампион на Дакар, Џинел де Вилиер. Новиот шампион е првиот возач од Африка, кој победил на релито на “Дакар“. По овој успех германската екипа заради високите трошоци, ќе се повлече од трките следната сезона.

folкsvagenВо конкуренција на мотоциклисти, победник е Шпанецот Марк Кома, во КТМ. Тој ја заврши последната етапа на петтото место, но тоа беше доволно за да го освои првото место, пред Французите Сирил Дипре со КТМ и Давид Фретињ во “Јамаха“. Годинашното рели “Дакар“, за прв пат се одржа во Аргентина и Чиле, и поради лошите временски услови, организаторите скратија 21% од патеката, а 11- тата етапа целосно ја укинаа, поради магла.

 

 

{loadposition content9}