Skip to main content

Фондот на овогодинешниот Australian open 33 милиони долари

Организаторите на Отвореното првенство на Австралија најавија зголемување на наградниот фонд на турнирот за 10% до 33 милиони австралиски долари (30.97 милиони американски долари) во обид да ги покријат ефектите од девалвацијата на локална валута.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Организаторите на Отвореното првенство на Австралија најавија зголемување на наградниот фонд на турнирот за 10% до 33 милиони австралиски долари (30.97 милиони американски долари) во обид да ги покријат ефектите од девалвацијата на локална валута.

И покрај порастот, тенисерите на турнирот ќе поделат помала сума во 2014 година во однос на овогодинешното издание.

endi marejВо јануари Мелбурн раздаде 30 милиони австралиски долари награден фонд, кои во тоа време беа еквивалент на 31.2 милиони долари. Оттогаш сепак локалната валута изгуби околу 10% од својата вредност во однос на американскиот долар.

За последното издание на Австралија Опен организаторите го зголемија наградниот фонд од 4 милиони австралиски долари до 30 милиони, откако дел од претставниците на машката шема се заканија со бојкот пред стартот на турнирот во 2012 година. Тогаш тие се пожалија дека средствата во Гренд Слем турнирите не се распределуваат коректно за сите натпреварувачи во главната шема, но преземените мерки ја успокоија ситуацијата.

Директорот на австралискиот турнир, Крег Тајли објасни дека ги информирал водечките тенисери за зголемувањето и тие се одговориле позитивно.
“Добивме добар фидбек и поддршка од нив. Што прават останатите турнири си е нивна одлука”, рече тој, цитиран од “Ројтерс”.

Организаторите се уште не ги определиле точните суми, кои ќе ги земат шампионите и тенисерите во одделни кругови. Оваа година победниците Новак Ѓоковиќ и Викторија Азаренка прибраа по 2.43 милиони австралиски долари.

{loadposition content9}