Skip to main content

Французите, златни

Франција е новиот светски ракометен шампион по вечерашната победата над Хрватска со 24:19 во Загреб во финалето од Светското првенство.

 |  Крсте Голабовски  | 
rakometari
ракометари
Франција е новиот светски ракометен шампион по вечерашната победата над Хрватска со 24:19 во Загреб во финалето од Светското првенство.
Француските ракометари го изгубија првото полувреме со еден гол разлика иако постојано во чекор резлтатски ги следеа разиграните Хрвати кои ги бодреа околу 16.000 навивачи.

Второто полувреме го одбележаа малку голови со цврста игра на двете одбрани, со таа разлика што хрватскиот напад со одминувањето на времето стануваше се  понеефикасен.

rakometИграта на нерви кон средината на полувремето од неизвесниот натпревар ја доби Франција која го изедначи резултатот во 45 минута и постепено почна да ја зголемува предноста. Нервозните хтватски ракометари немаа решение за француската одбрана се до крајот а натпреварот кој заврши со 24: 19.

 

 

{loadposition content9}