Фредерик Кануте заврши со професионалниот фудбал
Напаѓачот на репрезентацијата на Мали, Фредерик Кануте, кој се прослави со своите игри во шпанскиот прволигаш Севилја, а претходно со успех настапуваше и во Премиер – лигата, за Вест Хем и за Тотенхем, објави дека ја завршува својата професионална кариера.
Тој последните сезони од кариерата ги мина во Кина, во редовите на Беијинг Гуан, а истакна дека нема намера да го продолжи договорот со овој клуб и дека е подготвен за фудбалско пензионирање.
Кануте во 2007 година беше прогласен за најдобар играч на Африка, а во кариерата постигна 232 гола на вкупно 581 одиграни натпревари. Во дресот на репрезентацијата на Мали постигна 23 гола на 39 натпревари, а интересно е дека претходно настапуваше за младата селекција на Франција, со оглед дека кариерата ја почна во Лион.
{loadposition content9}