Фудбалери фантоми
ФИФА го истражува пријателскиот натпревар меѓу Бахраин и Того, откако фудбалската асоцијација на вториве соопшти дека воопшто не ја испратиле својата репрезентација да игра на таков меч.
| Маја Савиќ | Спорт
Бахреин и Того
ФИФА го истражува пријателскиот натпревар меѓу Бахраин и Того, откако фудбалската асоцијација на вториве соопшти дека воопшто не ја испратиле својата репрезентација да игра на таков меч.
Фудбалските сојузи на двете земји и Меѓународната фудбалска федерација истражуваат што всушност се случило на 7-ми септември во градот Рифа во Бахраин, откако домашната репрезентација се посомневала во формата на противниците.
Претставници на Фудбалската асоцијација на Бахраин тврдат дека натпреварот бил организиран преку агент со кој до сега соработувале и кој ја имал комплетната потребна документација, заедно со пасошите на играчите. Од Того велат оти немаат поим дека натпреварот воопшто се одржал.
“Сè изгледаше како да е во најдобар ред, сè до крајот на мечот кога разбравме дека некои луѓе се сомневаат во играчите и во репрезентацијата. И ние се изненадивме кога чувме,” изјавил портпаролот на бахраинската Фудбалска асоцијација.
Додал дека не постојат никакви шанси агентот да ја одглумил целата работа, затоа што соработувале претходно, во него верувале 100 проценти и го вклучиле во самата истрага.
{loadposition content9}