Skip to main content

Застарените правила на ФИФА не ги штитат спортистките

Фудбалерка на Замбија ќе игра на Светското првенство за жени откако и утврдуваа пол

ФИФА никогаш не се сомневаше дека Банда е женско, објавија од куќата на фудбалот.
 |  инфодеск  | 
Барби Банда

Фудбалерката од Замбија, Барбара Барби Банда ќе добие дозвола да го предводи националниот тим на претстојното Светско фудбалско првенство за жени, по проблемите што ги имаше со властите при одредувањето на полот.

23-годишната Банда која беше исклучена од минатогодишното африканско првенство, мораше да направи тест за утврдување на полот.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека најдобрата фудбалерка на Замбија може да игра на претстојното Светско првенство. ФИФА никогаш не се сомневаше дека Банда е женско, изјавија оттаму. Африканските и замбиските фудбалски тела не успеаја да се справат со случајот, а групите за човекови права во голема мера ја обвинуваат ФИФА за неуспехот да обезбеди соодветни насоки.

„Застарените правила на ФИФА не ги штитат фудбалерките од „стигматизирање, стереотипизирање и дискриминаторски“ третман, соопшти Хјуман рајтс воч. Посочуваат дека со тоа што им дава малку насоки на лекарите на тимовите, фудбалската политика ги „охрабрува“ да се вратат на инвазивните физички прегледи на жените за проверка на полот.

ФИФА ги објави регулативите во 2011 година и тие не се ажурирани оттогаш. ФИФА соопшти дека работи на нови правила, но нема индикации дека тие ќе бидат во сила до почетокот на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд на 20 јули.

Се шпекулираше дека Банда на Африканскиот куп на нации, на тестирањето била позитивна на висок тестостерон, но нејзиниот менаџер Антон Максимов вели дека тоа не е точно. Тој рече дека фудбалските власти на Замбија ја отстраниле од тимот „врз основа на проценка на нејзината физичка состојба“. Инаку, Банда е идентификувана како жена при раѓање.