Екипата на Охрид стигна до голема победа над Соколи со 84:68 во првиот полуфинален меч, со што охридските кошаркари се чекор поблиску до пласман во Прва лига.
Охриѓани има контрола над играта и над резултатот во текот на сите 40 минути, односно во текот на целиот натпревар беа во водство. Пресудна беше третата четвртина кога Охрид направи осетна разлика во водство.
Најдобар со 20 поени кај ГКК Охрид беше Стојаноски, додека кај гостите од Штип најефикасен со 14 поени беше Кацарски.
Второто соочување од серијата ќе се одигра за неколку дена во Штип.